Колона руски војници со ознака V оди во Киев, објавуваат вечерва руските медиуми. Откако цел свет ја виде буквата Z на руските возила, тенкови, оклопни возила и авијација изминативе три дена при инвазијата на Украина, сега сите се прашуваат што би значела буквата V.

Од друга страна, украинските медиуми денеска објавија дека се бара помош од жителите на Киев и Киевската област.

– Украинската армија бара колона непријателски сили означена со буквата V, објавија украинските медиуми.

Според нив, станува збор за „посебно опасни непријатели кои пристигнале во Украина со специјална мисија“.

📸

– Сите што ги виделе, ги снимиле, знаат каде е колонава, се молат ИТНО да ги препратат податоците до војската или по можност да ги блокираат, се вели во апелот.

Потсетуваме, што значи буквата Z?

Само некои од аналитичарите го препознаа она што подоцна се покажа дека е точно. Знакот „Z“ е всушност забележлив знак кој се користи како белег во директните битки со непријателот, а особено при влегувањето во непријателската позадина, за да може поединци, нивните возила или тенкови да се чинат различни од непријателските и да се спречи т.н. „пријателски оган“.

Двете страни во војната во Украина користат многу слична воена опрема и во чадот на битката, рускиот главен борбен тенк Т-72 може да изгледа како украински Т-80 низ цели со долг дострел.

Вообичаена воена практика е да се користат такви ознаки за да се разликуваат пријателите од непријателите, пишуваат денеска воените воени медиуми.

Американската војска имаше црно-бели „пруги за инвазија“ на своите авиони за време на инвазијата на Нормандија во 1944 година за да ги спречат сојузничките трупи кои слетаа на плажите случајно да пукаат во сопствените авиони. Американските сили ја испишаа буквата V наопаку на нивните возила како препознавање на симболот за време на операцијата „Пустинска бура“, изјави за Task & Purpose пензионираниот поморски полковник Марк Канцијан.

Слична практика се користеше и во агресијата врз БиХ.