Судејќи според развојот на ситуацијата, многу е веројатно дека ќе се вакцинираме против корона секоја година, изјави за РТС д -р Јелена Беговиќ, директорка на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство.

Зборувајќи за третата доза на вакцината, таа рече дека некои студии препорачуваат како трета „бустер“ вакцина да се даде истата како и првите две дози, додека други препорачуваат мешање на вакцините. Таа откри дека комбинациите на астра-зенека и фајзер се покажаа како најефикасни досега. Беговиќ наведува дека повеќето земји немаат доволно вакцини за целата популација, затоа третата доза ја препорачуваат на најзагрозените, најранливите категории, лица со ослабен имунитет.

– Што се однесува до третата доза на вакцината, гледам дека и Американскиот центар за контрола на болести и Светската здравствена организација препорачуваат трета доза, првенствено на луѓе чиј имун систем е компромитиран, односно тие да бидат први што ќе се заштитат. Повеќето земји немаат доволно вакцини за целата популација, и секако тие одлучуваат прво да ги заштитат најзагрозените, но и оние што се во контакт со голем број луѓе – здравствени работници, луѓе кои работат во образованието, објаснува Беговиќ.

Говорејќи за мешањето на вакцините, таа наведува дека има поделеност на мислењата.

– Американскиот центар за контрола на болести и СЗО веруваат дека третата доза од иста вакцина треба да се прими како и претходните два пати, се разбира, ако се одело добро претходно. Од друга страна, постојат студии и земји како Канада, Италија, Шпанија, Германија кои апсолутно промовираат мешање на различни видови вакцини, но не сите. Она што е познато е дека Astra-Zeneca со Pfizer дава исклучително силен имунолошки одговор. Но, секоја вакцина има свои добри и лоши страни, објаснува гостинката во белградска Хроника.

На прашањето – дали ќе се вакцинираме секоја година, таа одговара:

– Засега, оваа година претпоставувам дека ќе го направиме тоа, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата следната година, изјави Беговиќ и додаде дека во наредните денови ќе ја прими третата доза од вакцината.