На трибините се ривали, особено кога играат Вардар и Пелистер, без разлика во кој спорт, но „Комити“ одлучија да подадат рака на „Чкембарите“, или барем на еден од нив. Имено, тие ќе донираат пари за член навивачката група „Чкембари“ од Битола кој остана без дом откако во пожар настрада неговата куќа.
-Групата одлучи целиот приход од гостувањето во Кратово, да го донира на членот на н.г. ,,Чкембари Битола”, кој при пожар го загуби сопствениот дом.
Финансиските средства, банкарски ќе бидат префрлени веднаш во понеделник (27.11.2023). СИТЕ ВО КРАТОВО – СЕГА Е ВАЖНО!, пишува во објавата на „Комити“.