Со оглед на тоа што Вардар вчера беше поразен на гостувањето кај Струга Трим Љум со 1:0, „црвено-црната“ екипа и официјално е делегирана во второлигашкиот дел од фудбалот во Македонија.

Несомнено дека ваквиот процес е болен за сите кои имаат допирна точка со семејството Вардар, поточно навивачите на клубот.

Но Македонија не би била Македонија доколку не постојат провокации меѓу навивачите за ваквиот редослед на настани.

Навивачката група „Балисти“ од Тетово, поразот во Струга на Вардар го искористија за да им фаќаат сеир, бидејки на социјалните мрежи напишаа: „Вечерва славиме, давајки го последното збогум на непријателите“.

Тоа ги мотивираше и навивачите на Вардар да излезат со свој, контра став на претходната порака.

„Козое*ачите вчера ја имаа единствената активност откако се појави вирусот, ограничувањата и забраните. На автопат извадија парола пропратена со бакљи пред автобусот во кој се возеа играчите на Вардар, со која го најавуваат неговото испаѓањето од прва лига.

Единственото нешто навивачко што го направија од 2019-та до сега, не беше во чест на шкендија, туку во чест на ВАРДАР !

Но ова немаше ни да биде интересна вест за да ја објавиме тука, доколку во оваа операција не била вмешана и Полицијата, која го стопира автобусот и го задржа, координирана со козоебачите, а потоа со возила марка Голф2 автобусот е стопиран на автопатот. Веројатно соработката е поради денот на Полицијата…

Комплексите пуштени на најјако !
ВАРДАР Е ЕДИНСТВЕН МОТИВ, ЕДНИ СЕ ЗА, А ДРУГИ ПРОТИВ !

Затоа порачуваме повторно :
ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ!“, беше пораката на Комити.