Претседателот на Србија Александар Вучиќ и се обрати на јавноста. Да потсетиме, се чекаше реакцијата на Србија за руската агресија во Украина.
– Република Србија искрено жали за се што се случува во Источна Европа. И украинскиот и рускиот народ се пријателски. Еден од основните принципи на надворешната политика на Србија е доследно почитување на неповредливоста на суверените држави, за што се залага Србија. Србија дава целосна поддршка на територијалниот интегритет на Украина, рече Вучиќ.
Тој додаде дека не е во интерес на Србија да воведува санкции против некого.
– При одлучувањето за усвојување на рестриктивни мерки и санкции против која било земја, вклучително и Русија, Србија ќе се води исклучиво од сопствените интереси – вели Вучиќ.