Поранешниот директор на скопскиот конзерваторски центар Константитн Димитровски, еден од осомничените за незаконското уривање на хотелот „Шар Ан“ кој како дел од Старата скопска чаршија со Закон е прогласен за културно наследство, се спогодил со обвинителството за условна казна.
Пред 2 месеца, во ноември, признал вина за несовесно работење во службата и злосторничко здружување и добил 2 години затвор кои нема да ги издржи доколку 5 години не стори ново кривчно дело, одговорија од обивнителството за гонење организиран криминал за Телма.
За едното дело со измените на КЗ предвидена е казна затвор од 6 месеци до 5 години а за другото од 1 до 3 години.
Дополнително осудениот беше задолжен солидарно да го надомести својот дел од предизвиканата штета која во законски предвидениот рок истиот ја надомести, велат од ОЈО ГОКК.
Оваа истрага започна против 11 мина функционери и управители и вработени во фирми.
За 6 мина во декември обвинителството поднело обвинение. Тројца се обивнети за злосторничко здружување и оштетување или уништрување добра од културно наследство, двајца се за злосторничко здружување несовесно работење еден за помагање. За двајца е сопрена истрагата а двајцата кои првично беа недостапни се под истрага откако биле приведени.
Еден од нив е Мухамед Љамалари за кого дел од медиумуите во ноември известија дека бил уапсен во Скопје. Тој е поранешен претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор и беше првоосомничен во истрагата за незаконското уривање на автентичниот објект „Шар Ан“.
Целта, како што тогаш објавија истржаните органи, била да го пренаменат земјиштето од изградено во неизградено, за да можат да му ја продадат парцелата од 962 квадратни метри во срцето на Чаршијата на приватно лице.
До продажба не дојде. Обвинителството ги сомничеше дека го оштетиле буџетот за 3 милиони евра.
Името на Димитровски изминатата година често се споменуваше и поради позитивното мислење кое Конзерватроскиот центар го даде за изградба на 17 катницата во близнина на зградата-споменик Воена болница.
Ова мислење го оспорија од невладината О2 по што Конзерваторски со ново раководство го поништи, затоа што било донесено спротивно на Законот за заштита на културно наследство и донесе ново негативно мислење.
Инвеститорот го оспри пред управниот суд и вчера потврди дека Управнот суд го поништил негативното мислење.