Пред неколку месеци младата водителка на Круна Уна Митровиќ рамо до рамо со познатиот Миломир Мариќ почна да ја води Утринската програма на телевизија Хепи.
Таа со својот изглед привлече големо внимание во јавноста, а иако има 21 година, со своето знаење воодушеви многумина. Неодамна во Утринска на Хепи се случи несекојдневна ситуација за која почна да се шпекулира на мрежите.
Имено, младата водителка за време на емитувањето облекла ултра кратко здолниште, а Мариќ рекол дека добиле бројни пораки на таа тема.
-Оваа емисија ја гледаат паметни, чесни луѓе, но и малку пореметени. А еве ја пораката што ја добиваме од утрово… Нема да верувате. Србија е полна со разни манијаци. И не се лути, ти си дете, но што мислат различни луѓе, што би посакале, а еве што велат: „Што носи Круна под здолништето?“. Ова го бараат разни манијаци – изјави водителот.
– Да ги научам што се носи под сукња – праша Круна, на што Миломир побара таа да го подигне здолништето.
– Да, покажи им.
-Ако е на барање на гледачите, што да правам. За разлика од некои, јас навистина немам што да кријам – рече таа и го подигна здолништето под кое носеше шорцеви.
– Ништо не криеш. Носи панталони – додаде водителот.
– Дали навистина мислевте дека под ова здолниште се крие нешто што до сега не сте го виделе. А од друга страна знаеш ли на кој канал си? Ако не знаете, проверете, ова е Утринската програма – објасни таа.