Компанијата за сателитски снимки Maxar Technology вели дека претходните извештаи дека конвојот од руски тенкови и оклопни возила што напредува кон Киев долг околу 27 километри се неточни, јавува Би-Би-Си.

Според Максар, конвојот всушност се протега на должина од околу 64 километри.

Компанијата додаде дека новите слики покажуваат и копнени трупи и хеликоптери за напад во јужна Белорусија, на околу 30 километри од границата со Украина.