Кошмарни се предвидувањата на познатиот турски професор по сеизмологија Наџи Горур, кој оценува дека големиот земјотрес, од кој сите се плашат, е „исклучително веројатно да се случи во Истанбул“ и дека неговиот интензитет „може да достигне дури 9 степени на Рихтеровата скала“.
Професорот Начи Горур, според Си-Ен-Ен Турк, за весникот „Созку“ изјавил дека постојат стравувања од силен земјотрес дури и во Истанбул. Доколку се остварат предвидувањата со магнитуда од 9 степени, земјотресот ќе биде разорен и ќе влијае дури и на добро изградени објекти.
Според професорот по сеизмологија, ќе бидат погодени главно областите од европската страна на Турција, особено оние во близина на морето, бидејќи геолошката структура е помлада, во споредба со азиската, која е стара и се состои од поцврсти карпи.
Турција, по „катастрофата на векот“ како што беа наречени смртоносните земјотреси од 6 февруари во Кахраманмарас, сега го сврте вниманието кон Истанбул и неговиот градежен фонд, со цел да има превентивен план и да ја забрза урбаната трансформација на градот.
Пред неколку дена земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на брегот на Муданија, Турција, а потреси се почувствуваа дури до Истанбул.