Владата ја потврди веста на ТВ21 и на претходната седница го назначила Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Трајановски денеска е потврден од страна на Управниот одбор на ЈПДП.
Тој доаѓа на оваа функција на местото на Ејуп Рустеми.
Трајановски во минатото беше градоначалник и заменик градоначалник на Скопје.