Прес-конференција на Јавниот обвинител на РМ Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот со вчерашниот пожар во дискотека во Кочани.

-Се бара краткотраен притвор за 10 лица за кои во текот на денешниот ден обвинителството собрало докази, постои можност за продолжување на притворот, соопшти Коцевски.

Коцевски кажа дека во објектот било увидено дека нема хидрантска мрежа, недоволен број на ПП апарати, немало доволен број на врати, немало огноотпорен покрив, и дека објектот бил за објект за лесна индустрија, а не во угостителски објект.

„Формирав обвинителски тим, од двајца обвинители од Скопје, двајца од ОЈО Кочани и еден од Штип, со тоа што во текот на денот се укажа да се ангажира уште еден од ОЈО Штип. Се презедоа низа активности, со тоа што од стана на јавните обвинители беа издадени наредби за обдукција на починатите.

Loading...

Беше наредено да се апси секое лице кое што со своето постапување или непостапување довело до настанот, и да се испита неговата улога. Има наредба за испитување на низа на предмети. Беше издаден предлог за издавање на наредби за привремено одземање на снимки од безбедносни камери на Основниот суд Кочани. Издадена наредба за одземање документација од дискотеката. Исто така наредба за претрес на дом и други простории во Кочани.

Од страна на јавните обвинители беше извршен увид на лице место, и уште не е завршен, ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Ќе ангажирам уште 3-5 јавни обвинители од ЈО Скопје, затоа што е сложен предмет, и ќе треба да се испитуваат уште многу работи.

-Бил присутен и државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустција од 419 метри квадратни. Не е извершена пренамена во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозовла за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години“, рече Коцевски.

Loading...