Во подкаст емисијата на Сител телевизија, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во поопуштена атмосфера говори за тоа како го добил прекарот Таче.
Вели дека и неговиот дедо се викал Димитар, а нагалено го викале Таки, но бидејќи бил со прилично мал раст, нагалено го завикале Таче. Потоа и неговиот татко го носел тој прекар, а сега и тој.
Дури и неговиот син некои негови пријатели го нарекувале мал Таче.