Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на Специјалната антитерористичка единица вечерва го ликвидирале двојниот убиец од селото Тополница, кај Мајданпек.

„Припадниците на Специјалната антитерористичка единица вечерва го неутрализираа двојниот убиец П.П. (89), кој во село Тополница, кај Мајданпек, со пушка ја убил брачната двојка Р.Ј. (69) И Р.Ј. (68), а го ранил М.Н. (59).

И покрај обидите за преговарање и фрлање солзавец и шок бомби, лицето не сакало да се предаде, туку со пушка во рака се соочило со полицијата, по што согласно Законот за полиција и Правилникот за полициски овластувања, припадниците на САЈ го лишија од животот“, рече Дачиќ.