Американскиот актер Џин Хекман починал од срцева болест, а откриено е дека боледувал и од напреднатата Алцхајмерова болест, јавува Асошиејтед прес.
Неговата сопруга Бетси Аракава починала од последиците на инфекција со хантавирус.
Вирусот може да предизвика сериозно воспаление на белите дробови (со кашлица и отежнато дишење) или на бубрезите (со осип, абдоминална болка, а понекогаш и бубрежна инсуфициенција). Хантавирусот се шири преку контакт со заразени глодари или нивен измет.
Властите во петокот објавија дека Аракава починала во нејзиниот дом и дека Хекман починал една недела по неа.
Безживотните тела на Хакман и Аракава беа пронајдени на 26-ти февруари. Властите по првичните анализи рекоа дека нема индиции дека нивната смрт била сомнителна или резултат на какво било криминално дело. Во телата на парот не се пронајдени траги од јаглерод моноксид, па властите утврдиле дека тие не умреле од труење.
Аракава била пронајдена во бањата од нејзиниот дом. На кабината во бањата било пронајдено шише со лекови на рецепт и расфрлани апчиња. Властите ја поврзаа нејзината смрт со хантавирусниот пулмонален синдром.