Претседателот на Србија, Александар Вучиќ поради скапите патики се најде на удар на бројни корисници на социјалните мрежи. Тој сподели фотографии на Инстаграм во полежерно издание, а во описот напиша:
„Се изморив од безочните лаги на нашите политичари и спасот го побарав во прошетката со Шарки и Зад, кои ги добив на подарок од принцот Насер од Бахреин. Одговорот за политичарите ќе следи вечерва. П.С. Нема да ме избркаат и нема да бегам. Од Србија добив сè и и дадов сè и со сите сили ќе се борам против криминалците и тајкуните кои сакаат да ја уништат, вели Вучиќ во описот на фотографиите.
Една корисничка на Твитер забележала дека носи патики Zegna кои чинат 950 долари.
„Облекува патики од 950 долари за низ дома и глуми самоодрекување. Фолирант“, напишала таа. Многумина во коментарите се согласија со неа.
Вучиќ долго време е мета на критики од граѓаните на Србија поради скапата облека и чевли, нарекувајќи го расипник. На почетокот на оваа година тој, меѓу другото, носеше фармерки Stefano Ricci од 1.800 долари.