Пратеникот на Левица, Борис Крмов на Фејсбук објави дека кадар на ДУИ се заканува со војна, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека има ново парламентарно мнозинство.

„Шкодране Дардишта кадар на ДУИ СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА ако на нејзината партија не и се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!?“, прашува Крмов.

Објавата на Дардишта ја споделуваат многумина на Фејсбук. Таа порачува да не си играат со оган, оти тие не биле сираци.

Граѓаните кои ја споделуваат објавата прашуваат каде е Хелсиншкиот комитет за да реагира на поттикувањето на меѓуетничка нетрпеливост и ширењето на говор на омраза.