Е.М. (17) вчера бил уапсен откако со нож го избодел неговиот брат Кадри М. (25). Конфликтот се случил во нивната куќа Батајница, градска населба на крајниот северозападен дел на Белград, а се сомнева дека на убодот му претходела расправија меѓу браќата.
Соседите велат дека се многу изненадени од тоа што се случило, бидејќи тие секогаш биле добри и фини.
– Од нивната куќа никогаш не се слушнала кавга. Момчињата одеа на училиште и на работа. Секогаш добро реагираа, вели сосетка во изјава за српски Курир.
Синоќа околу 21 часот дошло до трагичниот настан.
– Видовме две патроли, брза помош и полиција. Глетката беше ужасна. Влезната порта беше целосно крвава, раскажува сосед.
Инаку, ова е семејство во кое родителите се развеле пред 15 години, мајката заминала во странство, се преселиле од Беочин во Батајница, купиле куќа и оттогаш живеат таму.
Таму живеат татко им и тројцата браќа, никој од нив не е оженет.
Со два ножа го нападнал својот брат
Како што дознава Информер, Е.М.(17) дошол во полициската станица Батајница со видливи повреди и расекотини на тупаниците.
Тој изјавил дека во близина на свртницата на автобусот бр. 706, бил нападнат од непознат маж, без причина. Приказната била сомнителна и полициските службеници отишле во куќата на Е.М., каде го пронашле неговиот брат Кадри М.(25) со видливи расекотини.
Тој изјавил дека без причина со два ножа бил нападнат од неговиот брат Е.М. На лице место имало траги од крв. Брза помош извршила преглед на Кадри М. при што му биле констатирани убодни рани на грбот и стомакот.
Напаѓачот е префрлен во болница. Случајот го презеле инспекторите за малолетници на криминалистичката полиција. Малолетникот Е.М. се товари за кривично дело тешко убиство во обид, оквалификувано од Обвинителот за малолетници на ВЈО. Е.М. исто така моментално е во болница.