Девет тинејџери се повредени во пукање на матурска забава во Тексас. Полицајците во округот Џаспер добиле дојава за пукање нешто по полноќ. Од канцеларијата на шерифот во соопштението се наведува дека по пристигнувањето на местото на настанот пронашле девет жртви со прострелни рани кои не биле опасни по живот, пишува Индипендент.

Жртвите биле на возраст од 15 до 19 години. Повеќето од ранетите итно се пренесени во „Јаспер Меморијал болницата“. За пукањето се познати малку детали, меѓу кои и кој е одговорен и кој е мотивот, бидејќи истрагата е се уште во рана фаза.

Работиме на траги и испрашуваме луѓе – изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот.

На забавата наводно присуствувале ученици од гимназијата Џаспер, кои претходно вечерта имале матура. Началникот на независниот училишен округ Џаспер, Џон Сиболд, изјави дека немало никакви инциденти на самата матура и дека повеќето ученици си заминале до 21 часот.

Пред 7 дена крвава гозба на роденден

Престрелката доаѓа една недела откако четири лица беа убиени, а 32 ранети во пукање на роденденска забава во Алабама. За тој напад полицијата сомничи вкупно шест лица.