Како што вели, Саша не ни чувствувал болка, а кога била откриена болеста веќе била во напредна фаза.

Креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина на 1 март и не напушти на 71-годишна возраст. Јавноста во последните месеци знаеше дека здравствената состојба на Саша е лоша, но семејството до последен момент инсистираше на приватност.

Медиумите успеаја да дознаат дека Саша се бори со ракот, многу агресивна форма, а болеста за жал е откриена доцна и сосема случајно.

Пејачот Дејан Ќирковиќ Ќира му беше кум на Поповиќ, а за време на неговата болест и по неговата смрт им бил најголема поддршка на вдовицата на Саша, Сузана Јовановиќ, ќерката Александра и посинокот Данијел. Штом ожалостеното семејство слета во

Белград враќајќи се од Париз, каде што почина Поповиќ, Ќира се упати кон нивната вила.

Во таа прилика тој за медиумите проговори за некои детали од болеста на Саша, а за тоа дознал кога отишол на лекар поради скршеница на ногата.

– За неговата болест дознав на роденденот на сопругата, 20 јуни. Не ми кажа веднаш кога дозна, туку и честиташе роденден на мојата Љиља. Потоа го прашав „Како ти е ногата“, ми рече „Ногата ми е добро, но имам друг проблем. Ми открија карцином“. Ја запрев колата. Тоа е момент кога не знаете како да реагирате. „Зборуваше за тоа како да е грип“, рече Ќира.

– Никој не разбира што се случи во последните неколку дена, бидејќи тој работеше со ЅГ две недели пред смртта. Само Сузана може да каже како човекот починал за три дена. Никој не знае како се случило, бидејќи неколку дена пред смртта бил во Гранд. Лекарите во Париз му рекле дека терапијата ќе го подигне и дека ќе биде добро за два месеци. Сузана беше со него до последен момент, никогаш не го напушташе. Знаев дека нешто не е во ред кога децата отидоа во Париз.

– Одеше на редовни прегледи. Два-три месеци пред да дознае, направил магнетна резонанца, каде што не нашле ништо. Тој рече „Кашлав, но ништо не чувствував“. Немаше стомачни болки – изјави Ќира за „FullScreen Media“.