Според средната курсна листа на НБРМ, еврото денеска изнесува 61.5430 денари, а американскиот долар чини 58.3899 денари.

Вредноста на американскиот долар во однос на референтните валути продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во изминатите 20 години.

Индексот на доларот што ја покажува вредноста на американската валута во однос на шест најважни светски валути изнесува околу 103,56 поени, додека вчера изнесуваше 103,28 поени.

Валутата синоќа во еден момент достигна 103,93 поени, што е највисоко ниво од крајот на 2002 година.

Поддршка за доларот доаѓа од најавите за агресивно зголемување на каматните стапки на Одборот на федералните резерви и нестабилноста на финансиските пазари, што доведе многу инвеститори да бараат побезбедно засолниште за капиталот. Како последица на тоа, доларот споредбено со референтните валути зајакна за повеќе од пет проценти, што не е забележано од 2012 година.

Британската фунта изнесува 73.3441 денари.