Вечерва ќе го гледате најлудиот подкаст или емисија која некогаш е направена во Македонија и ќе ја чуете најлудата приказна, објави на социјалните мрежи познатиот јутјубер Стефан Лазаров.

– Човекот којшто моментално живее со срце од друг човек, ќе раскажува како успеал толку да си го разболи срцето во текот на својот живот, какви дешавки поминал, ќе се збори за криминал, ќе се збори за ноќен живот во Белград, ќе се спомнат многу имиња кои што се интересни за јавноста, ќе се збори за наркотици, ќе се збори за работи за кои што навистина досега не се зборело јавно. Сведоштва конкретни, исто така за познанства со многу моќни луѓе, така што понеделник спремајте се, ве очекуваат повеќе часа сериозен и интересен муабет, рече Лазаров.

– Овој понеделник гледате луда, но вистинита приказна. Гостин е Дарко Голубовски , познат градски лик кој го викаат Кнеле. Тој е деветиот пациент во Македонија со срце од друг човек. 2022 година добива втора шанса за живот, но овој понеделник ќе раскаже како успеал да дојде до смрт и толку многу да си го оштети своето срце. За криминални ликови, проституција, дрога, ноќен живот, но и многу луди случувања во понеделник за прв пат ваква приказна во поткаст. Се гледаме во 21:00!

180,000 евра во 1 вечер🤯 Како? Дознавате вечерва во 21:00…