Утрово е пријавено дека во фабрика којашто се наоѓа во населба Илинден стигнала иформација на службениот меил дека е поставена експлозивна направа.
– Утрово околу 08:20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице, населба Илинден пријавила дека на службениот меил на правното лице, во 06:00 часот утринава стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Во моментов се на терен и екпи на СВР Скопје и единицата за антитероризам. Откако биле направени сите потребни прверки се укажало дека не била пронајдена експлозивна направа, константирано е дека станува збор за лажна пријава. – се вели во соопштенито
Дел од медиумите објавија дека станува збор за фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона. Вработените го напуштиле објектот додека траеле проверките.