Колона од возила на бензинските станици во Штип. Возачите чекаат од 10 до 30 минути за да дојдат до пумпата за да наточат гориво. Оние кои не сакаат да говорат пред камерата на Телма велат дека на фејсбук прочитале дека цената на бензинот драстично ќе скокне.
Ваквата информација засрга е класифицирана како лажна, ниту една институција или компанија има најавено или раширено вест дека нафтените деривати ќе скокнат или дека ќе снема залихи во складиштата.
Откако денеска во Штип се создадоа колоните од возила пред бензинските пумпи забрането е точење на нафтени деривити во туби, пред се за да не се складира и загрози безбедноста на граѓаните. Од најголемата нафтена компанија Макпетрол за Телма велат
– МАКПЕТРОЛ ГИ ИЗВЕСТУВА ПОТРОШУВАЧИТЕ ДЕКА НЕМА РЕСТРИКЦИИ И ПРЕКИН ВО СНАБДУВАЊЕТО НА ГОРИВО НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ НА ОВАА КОМПАНИЈА И ПОКРАЈ ФАКТОТ ДЕКА ВО ОВОЈ МОМЕНТ МАКПЕТРОЛ РАБОТИ СО ЗАГУБА. КОМПАНИЈАТА АПЕЛИРА ДО ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА НЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ ОД ГОРИВО ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ ЗА ДА НЕ ЈА ЗАГРОЗАТ ОПШТАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ .
Само во Штип е забележана ваква паника и колона од возила пред бензинските пумпи, а граѓаните велат дека лажната информација ја прочитале на социјалните мрежи.