Како што јавуваат медиумите во Италија, легендарниот Салваторе Тото Скилачи (60), вечерва бил итно пренесен во болница, односно хоспитализиран. Неговата здраствена состојба била сериозна. Оваа вест ја потврдиле и членовите на неговото семејство.
Инаку познато е деке некогашниот италијански напаѓач, кој се прослави на СП 1990 во Италија, кога и беше најдобар стрелец, веќе извесно време имаше проблеми со најтешката болест.
Се говореше дека сепак успеал да ја победи болеста, но се чини дека сепак не било така. Тој вечерва е примен во одделот за пневмологија.
Скилачи уште лани информираше за своите сериозни здравствени проблеми и борбата со канцер, а извештаите од Италија велат дека неговото состојба била „сериозна“ кога бил промен в болница.
Скилачи ги дочека своите пет минути слава на Светското првенство во 1990 година во Италија кога, како по одличната сезона во дресот на Јувентус, заврши како најдобар стрелец на шампионатот. „Аѕурите“ под негово водство стигнаа до третото место, а Скилачи постигна голови на шест од седумте натпревари на Италија.