Познат е идентитетот на младото момче од босанското населено место Хаџиќи близу Сараево, кое се удави во Борачкото езеро вчера попладне во општината Коњич. Како што дознава порталот „Аваз“, станува збор за 18-годишниот Фатих Фиши.
Денес, по молитвата, на несреќниот млад човек ќе му биде извршен погреб пред џамијата во Кахримани. Фатих Фишо зад себе ги остави таткото Хасиб, мајката Сенија и сестрата Сумеја, пренесуваат босанските медиуми.
Бројни пријатели се збогуваат со загинатиот млад човек на социјалните мрежи. Последниот поздрав го испрати и Основното училиште „9. мај“ од селото Пазариќ.
– Тажните вести не бираат време. Понекогаш тие доаѓаат очекувано, често одеднаш. Бевме изненадени од веста дека нашиот поранешен ученик Фишо Фатих се преселил во подобар свет. Испраќаме сочувство до семејството и пријателите, напишаа од основното училиште „9 Мај“.
Од Оперативниот центар на полициската управа во Коњиќ велат дека телото на малолентикот е извлечено вчера во 11:50 часот.
– Се обидоа да го реанимираат лицето, но безуспешно. Истрагата е спроведена, изјави дежурниот оперативец од полициската управа Коњиќ, пренесува Аваз.