Популарната српска тиктокерка Леонора Пејчиќ на мрежите сподели видео во кое раскажа страшно искуство од одморот во Црна Гора, кога, како што тврди, ја нападнал Албанец кој сакал да ја вметне во автомобил.

– Јас сум некој кој летово летуваше во Улцињ и доживеа голема катастрофа. Чекав да се соземам, малку да ми се смират впечатоците. Вака како прво јас и другарка ми бевме сами на одмор. Не летувавме во центарот на Улцињ, бевме во Доњи Штој, во близина на Велика Плажа, сместувањето ни беше буквално токму на плажа – го започна своето излагање во видеото.

-Сега ова многу гласно го кажувам. Една вечер поради дождот се откажаа концертите за тој ден, а јас и мојата другарка решивме да одиме во Улцињ, да прошетаме навечер, да си купиме сивенири за да „убиеш“ малку време. Прво да се оградам одма, ни јас ни другарката не бевме облечени во нешто провокативно, да нема коментари од типот „да, затоа што бевте во кратко, затоа и ви се закачиле“. Не, ништо провокативно, нема за што да се каже дека сме ги „провоцирале“, за да се случи тоа што се случи.

Леонора изјави дека немилиот инцидент се случил доцна во ноќта и дека за среќа успеала да му побегне на агресивниот напаѓач благодарение на нејзината брза и избрзана реакција.

– Таа вечер околу десет и пол отидовме во Улцињ и се прошетавме. Градот како град, Улцињ е убав, воодушевена сум. Преку ден градот е феноменален, но навечер станува катастрофа мислам. На самото шеталиште има три големи отворени клубови, бевме малку таму и на крајот завршивме во еден српски феноменален клуб. Во принцип, се заврши, а околу четири и пол, центарот беше полн, а полиција имаше насекаде. Младите претежно беа Албанци, имаше и наши луѓе, имаше и странци секако, но мнозинството беа Албанци. Тие беа фини, културни – повеќето беа такви. Ни побараа Инстаграм, да се прошетаме, да пливаме, да седнеме на плажа… Но, се разбира, ништо од тоа не се случи. Тргнуваме околу четири ипол до сместувањето, почнуваме да бараме такси бидејќи од центарот на Улцињ до нашето сместување има веројатно околу 15 минути со автомобил – објасни таа и продолжи:

– Во меѓувреме ми се заглави патентот на чантата и седнав на скалите да го поправам (потенцирам дека не сум пијана). Додека јас и мојата другарка седиме на скалите, се паркира автомобил и тој почна да кажува нешто за одење, да одиме со нив, а ние ги оттргнуваме. Позади него почнува да свири бела кола, мислам дека беше бело ауди со албански таблички, ако не се лажам. Како што почна да се обидува, овој се помрдна и се стутка пред нас и почна да ни кажува нешто.

Во тој момент, поради нејзината реакција, се случува вистинска драма кога момчето од белиот автомобил се обидува да ги вовлече во својот автомобил.

-Се паркира, до него седи друг дечко и стаклата одзади беа затемнети, не видов кој е. Тоа момче кое возеше излегува од колата и тргнува кон мене. Му реков престани. Почна да ми кажува нешто и почнува да ме влече за рака и се обидува да ме внесе во автомобилот. Во тој момент се отвора задната врата од колата и кон нас тргнува друго момче, јас некако се откинувам и почнувам да скокам, солзите ми почнуваат. Почнувам да врескам. Се движи кон мене и повторно ме влече за рака, јас се оттргнувам и почнувам да трчам. Почнувам да трчам како луда. Центарот на Улцињ, многу луѓе и сите гледаат што се случува, плачам. Тоа момче влегува во автомобилот и ме следи, додека јас трчам. Трчам во холот на некоја зграда, седам таму бидејќи имаше и камери и почнувам да плачам затоа што не знам што ми се случи. Такво нешто не ми се случило во животот, кога некој ќе се обиде да ме вовлече во кола – рече таа и додаде: