Облеката во светла боја е многу добредојдена и пожелна во летните месеци бидејќи помалку го привлекува сонцето, па во неа се чувствуваме помалку жешко. За време на жештините и жените кои се бремени мора да бидат дополнително внимателни за полесно да ги поднесат високите температури.

– Непосредно пред топлотниот бран да ја зафати Хрватска, во центарот на Загреб, фотограф забележа трудница која нè освои со нејзиното street style издание. Таа ја состави својата комбинација од бели парчиња и беж нијанси, а нејзиниот стајлинг зрачи со свежина и летна лежерност, но и ја истакнува убавината на трудничкото тело, пишува ДНевник.хр.

Со тесен горен дел од бледа нијанса на пастелно розево, таа носеше тесно бело здолниште со висок шлиц на левата страна. Здолништето е изработено од растеглив материјал кој обезбедува максимална удобност, а притоа никаде не се стеснува, што е исто така важно при изборот на трудничка облека.

Русокосата дама од центарот на Загреб на својот уличен стил додаде подолга беж јакна со класичен елегантен крој, додека, кога станува збор за обувките, се одлучи за удобност и носеше поробусен модел на бели патики со подебел ѓон.

Таа додаде очила за сонце со подебели бели квадратни рамки на нејзиниот освежувачки летен стајлинг, додека женствениот портокалово-црвен кармин даде малку боја.