Младиот човек (26) кој утринава околу 7 часот беше пронајден мртов на тротоар во центарот на Белград, најверојатно починал од природна смрт.
Според неофицијални информации, младото момче кое лежело на тротоарот го пронашле случајни минувачи кои веднаш повикале брза помош. За жал, лекарскиот тим можел само да констатира смрт.
На телото не се забележани повреди кои би укажувале на насилна смрт.
Полицијата изврши увид, а по наредба на обвинител телото на несреќниот млад човек е пренесено во Институтот за судска медицина каде со обдукција ќе се утврдува точната причина за смртта.