Лидија Рид (71), која отсекогаш велела дека телото кое и било покажано по смртта на нејзиниот едногодишен син во 1975 година, не е негово, сега решила да ги тужи сите бидејќи судскиот вештак потврдил дека неговиот ковчег бил празен во 2017 година.

Мајката, која цели 45 години водела борба за посмртните останки на своето мртво бебе по скандалот со празен ковчег, ги тужи директорот на погребалното претпријатие и обвинителот за 75.000 фунти.

Рид отсекогаш тврдела дека телото кое и било покажано откако нејзиниот син Гери Батон починал во болница во Единбург во 1975 година, не е телото на нејзиниот еднонеделен син.

Пред пет години судски вештак потврди дека нема посмртни останки во ковчегот во кој наводно бил закопан. Таа сега поднела тужба против Crovn Office и Scotmid Cooperative Funeral, кои се занимавале со погребот на Гери.

– Првиот од правните случаи штотуку им беше предаден. Ги тужиме за 75.000 фунти затоа што не го ставија мојот син во гроб. Ние ги сметаме заеднички одговорни затоа што веруваме дека Скотмид ни даде празен ковчег. Поминаа неколку години откако дознавме дека Гери не е во неговиот гроб, вели мајката за британски Daily record.

Братот на Гери, Стивен (47), кој и помага на мајка си во нејзината борба, исто така раскажал за својот „кошмар“ бидејќи не можел да ја исполни последната желба на неговиот покоен татко Брус, кој сакал да биде погребан покрај својот син.

Кога Гери почина во Кралската болница за болни деца во Единбург, Лидија тврди дека персоналот и кажал дека е болна и боледува од постнатална депресија, бидејќи одбила да го прифати телото што и го покажале како нејзино дете.

Таа никогаш не се откажа од борбата за одговори во децениите што следеа, а во август 2017 година, гробната парцела на Гери на гробиштата Сатон беше ексхумирана откако Лидија доби судска наредба.

Водечкиот форензички антрополог Сју Блек изврши увид на местото и рече дека нема остатоци од скелет и нема знаци на распаѓање.