Лидл Македонија објави уште еден оглас за работа. Станува збор за вработување на менаџери на маркетите што ќе бидат отворени во земјава.

„Во потрага сме по амбициозни и динамични поединци кои ќе ни се придружат во тимот на Лидл како менаџери на маркети. Ако си подготвен да предводиш тим со визија, да бидеш пример за останатите и да бидеш двигател на успехот во малопродажна средина, тогаш овде е вистинското место за тебе. Аплицирај сега бидејќи во Лидл има место за секој и секој има свое место“, се вели во објавениот оглас на „ЛинкедИн“