Вечерва во кафуле во Подгорица е убиен 52-годишниот Дејан Лакушиќ. Набргу потоа 59-годишниот Горан Алексиќ ѝ се предал на полицијата.

Според досега познатите информации на локалниот портал Вијести, полицијата се сомнева дека Алексиќ испукал неколку куршуми во Лакушиќ, додека овој седел на терасата на локал на улицата Братство и јединство во Подгорица.

Истрагата на местото на убиството е во тек, улицата е блокирана.

Лакушиќ ѝ е познат на полицијата од претходно. Нему му се судеше како член на криминална организација во случајот познат како Афродита. Неговата група тргувала со луѓе.