Рускиот информативен канал General SVR објави дека Алина Кабаева, наводната партнерка на Путин, е бремена.

Веста ја објавија и други странски медиуми, кои пренесоа детали дека веста за бременоста наводно „го разбеснила Путин“. „Путин дозна дека неговата љубовница е повторно бремена – и се чини дека тоа не било планирано“, објави рускиот канал, додавајќи дека рускиот претседател бил бесен што дознал за веста додека се подготвувал за големата парада во Москва.

Инаку, Путин никогаш јавно не ја признал врската со поранешната гимнастичарка, со која наводно веќе има два сина. Првиот син наводно е роден во 2015 година во Швајцарија, а вториот во Москва во 2019 година.

Алина неодамна била домаќин на балетскиот фестивал за патриотска гимнастика. Тоа било нејзино прво појавување во јавноста откако Русија ја нападна Украина.