„Југославија во многу кругови се идеализира ако 90% ги прашате, тие ќе ви речат дека тогаш најдобро се живеело. Во таа Југославија се произведувала и се продавала дрога, `Јасен` било едно од местата, се шверцувале цигари, се обучувале терористи. Ова го кажувам да за ви кажам кој беше еден од моментите за фаќање на пропадници на УДБА и КОС. Се плашам дека тој систем продолжува“.

Ова меѓудругото вечерва во емисијата Топ тема на тв Телма го вели Љубчо Георгиевски од ВМРО – Народна партија.

Според него, една голема структура на соработници се земени од криминалците, финансиски, банкарски па и од улицата. Не мислам дека тоа е стандардот на ЕУ.

„Љупчо Палевски можеби има злоупотребено 50 – 100 деца, направено наркомани по улиците, а некој од МВР стоел позади него. Сите луѓе се од Агенција на разузнавање и Државна безбедност. Палевски има шест кривични дела кои не се процесуирани (нелегален пиштол, ископ на злато, семејно насилство). Да се направи комисија и да видиме од 1990 година колку бил заштитен. Дивоградбата која ние сме ја рушеле, 1,5 милиони евра отштета му била платена. Нека се провери кој е судијата. Да ја видиме неговата кариера“, предлага Георгиевски.

На прашањето дека пријателството на Палевски со Зоран Верушевски е симптоматично, бидејќи тој е советник во Владата и коалиционен колега, но она што се поврзува со него е аферата за масовно прислушување, бомби имаше и поседуваше Палевски, а се вршеа и претреси во неговиот дом, Георгиевски одговори дека нивната врска не се криеше.

„Драган Стојановски – Млекце го споменувам, сите овие работи ги дознавам по падот на мојата Влада од луѓе кои во тоа време не ми кажале. Малку знаат дека тој беше поим на КОС за Македонија. Тој беше човекот кој го организираше `Сина птица` за разбивање на ВМРО–ДПМНЕ, дека тој бил на хонорарен список кај Палевски. Во моментот кога вие еден криминалец го правите соработник и му давате се повеќе и повеќе работи и вие не знаете дали началникот на УДБА е поглавен или криминалецот. Таков беше случајот со Аркан, со Бели Вук. Тоа е тој преломен момент кај Љупчо Палевски-Палчо, кога во одреден момент тој станува поголем шеф од оној кој претходно му бил шеф“, рече Георгиевски.