Етлева Боди (31), по потекло од Албанија, починала откако нејзиниот 41-годишен сопруг Селами Боди ја задавил во нивната спална соба во Савона. Жената била примена во болница во кома, а лекарите по речиси 48 часа констатирале смрт, јавуваат италијанските медиуми.

Според информациите со кои располага италијанската полиција, Етлева и нејзиниот сопруг ноќта меѓу петокот и саботата имале жестока расправија. Наводно, причина за кавгата била љубомора.

Имено, жената била во бањата и разговарала на телефон, а сопругот ја задавил откако го слушнал разговорот во кој таа го спомнала. Потоа, кога сфатил дека повеќе не дише, се јавил на 911.

Болничарите неуспешно се обиделе да ја реанимираат жената, иако многу брзо пристигнале на местото на настанот. Веднаш била пренесена во болница каде била во кома речиси два дена, по што била констатирана смрт.

Човекот е уапсен и моментално е во притвор во Џенова. Убиството се случило додека нивните четири деца спиеле во нивните соби. Откако таткото бил уапсен, а мајката била убиена, децата биле испратени кај нивниот вујко на чување.