Вистинската драма се случила во Неготин во пресрет на Нова година кога жена го полила со киселина својот љубовник (59), кој поради повредите бил примен во Универзитетската болница Ниш.

– Педесет и деветгодишен неготинчанец е примен на 30.12.2024 година во Универзитетскиот медицински центар Ниш со изгореници на карлицата, гениталиите, двете бутини и двете подлактици. Пациентот е стабилен, свесен, комуникативен. Тој е хоспитализиран на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија – потврдија за „Блиц“ од Универзитетската болница Ниш.

Според неготинчани, станува збор за љубовници кои претходно биле фатени во неверство. Имено, сопругот поставил камери и ја фатил жената со маж (59), а потоа ја избркал од дома.

– Нивната афера, како што се вели, трае со години, а кога се дознало за неверството настанал хаос, бидејќи и двајцата се во брак. Тоа е како љубовен четириаголник, жените тогаш се скараа меѓу себе кога се се дозна. Пукна брука – вели еден извор.

По сексуалниот однос го полила со киселина

Како што понатаму ни раскажува, вистинската драма се случува околу Нова година, кога љибовниците повторно се среќаваат, но таа средба не „завршила среќно“.

– Таа му се јави и повторно се сретнаа. Се шушка дека таа го полила со киселина по сексуалниот однос, истурајќи го на меѓуножјето. Слушнав дека не сака ни да признае што се случило. Но, поради повреди мораа да го испратат во Ниш – додава нашиот извор.