Жена со иницијали А.К. е осомничена за убиството на нејзиниот сопруг Саша К. од Добој. Таа е уапсена во населбата Старчевица во Бања Лука. Според очевидците на апсењето, А.К. наводно била лоцирана врз основа на автомобилот, а била уапсена во близина на кафе барот „Фрида“ лоциран на Старчевица, пишува Независне новине.

Инаку, Саша К. беше брутално убиен синоќа со нож во шумата недалеку од излетничкото место Преслица, а неговото тело беше пронајдено врзано за дрво. Устата и очите му биле залепени со селотејп, а се сомнева дека мотивот за злосторството била љубомора, пренесува Српскаинфо.

Покрај А.К, уапсен е и маж кој наводно ѝ бил љубовник. Слободан Радинковиќ, началник на полициската управа Добој, изјави дека се работи за монструозно убиство, чиј мотив била љубовната врска помеѓу сопругата на убиениот и нејзиниот соучесник.

Во истрагата полицијата го откри идентитетот на осомниченниот Л.Д. (19) и сопругата на убиениот А.К. Осомничениот веднаш бил уапсен, а набрзо било констатирано дека А.К. побегнала во Бања Лука, каде била лоцирана и уапсена.

Се огласи ќерката на убиениот Саша

Ќерката на социјалните мрежи објави нивни заеднички слики и бројни пораки дека ќе ѝ недостига.

– Не остави на најлош начин… Како што никој не заслужува… Ќе те паметиме по тоа што беше НАЈДОБАР И НАЈСИЛЕН… Никогаш нема да те заборавиме ‼ – напиша таа во една од пораките.

Таа во своите статуси на Инстаграм го напиша името на нејзината мајка и нејзиниот љубовник за кој рече дека има 19 години и ги нарече бедници, криминалци и чудовишта.

Им се заканува доживотен затвор

Токму поради неговата бруталност, тоа е кривично дело и оквалификувано како тешко убиство, кое се казнува со доживотен затвор.

– Фотографиите од местото на истрагата го откриваат вистинскиот хорор низ кој поминала жртвата – вели изворот на Српскаинфо и наведува дека убиениот е татко на четири деца.