Многу потрошувачи веќе подолго време забележуваат разлики во вкусот и бојата на сокот Фанта во Хрватска. На фотографијата двете шишиња Фанта купени во два различни амркети. Едниот е домашен, произведен во Хрватска, а другиот е увозен.
„Како што можете да видите, боите не се исти. Зошто, ако е истиот производ? Дали ова значи дека различни земји имаат различни рецепти или додаваат повеќе или различни бои? Зошто тие имаат различна сладост или не се слично газирани? Од каде се разликите“, пишуваат хрватските медиуми.
Одговорот решиле да го побараат во компанијата која го произведува сокот о Хрватска, а од компанијата велат дека сите состојки што се користат во производството на Fanta од Coca-Cola HBC Croatia се достапни на декларацијата на производот според важечките законски прописи.
„Постојат различни формулации на овој производ, што зависи од пазарот и навиките и преференциите на потрошувачите, па затоа интензитетот на бојата варира во зависност од пропорцијата на одредени состојки.
Помал или поголем интензитет на боја не значи дека пијалокот не е погоден за конзумирање, но потрошувачите секако можат да не контактираат“, одговори Маја Фрковиќ, раководител за комуникации на хрватската Кока-Кола која ја произведува Фанта.