Се смета дека луѓето со „поризични“ крвни групи имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да предизвика и тромбоза во артериите која што е една од главните причини за срцев и мозочен удар, пренесува „BBC“.

Истражувањето кое што било направено од страна на Европското кардиолошко друштво, опфатило анализа со податоци од повеќе од 1.3 милиони луѓе, а резултатите покажале дека ризикот од кардиоваскуларните проблеми кај крвните групи А, Б или АБ е за 9 отсто поголем отколку кај луѓето со крвната група 0.

Се смета дека луѓето со „поризични“ крвни групи имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да предизвика тромбоза во артериите, а тоа е една од главните причини за срцев или пак мозочен удар, но и белодробна емболија, пренесува британски „BBC“.

Експертите нагласуваат дека потребно е да се спроведат низа истражувања за да се утврди тоа со 100-отстотна сигурност, како и истражувања за причините за зголемени ризици кај луѓето со крвна група А, АБ и Б.