Белорусија нема да остане на страна доколку мировници на НАТО дојдат во Украина.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, денеска изјави дека доколку мировниците на НАТО дојдат во Украина, постои опасност од Трета светска војна и во тој случај Белорусија нема да остане на страна. Полска повика на воведување мировни сили на НАТО во Украина, за што на 16 март зборуваше полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Гледате дека овие Полјаци полудеа, тие веќе предлагаат, го поканија (американскиот претседател Џозеф Бајден) од преку океанот, а сега му ја полнат главата за да создадат мировни сили од 100.000 луѓе и да ги донесат во Украина преку Лавов. Разбирате дека тоа е Трета светска војна. И што мислите, дека Белорусија ќе остане на страна и ќе биде толку префинета“, рече Лукашенко, пренесува белоруската агенција Белта.

Украина претходно објави дека и Белорусија ќе ја нападне. И странски разузнавачи го тврдеа истото. Белорусија ја поддржува Русија, кој пред месец дена ја почна инвазијата на Украина. Западот воведе санкции за Русија, но и за Белорусија.