Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко зборуваше за развојот на операцијата во Украина и рече дека се надева на наскоро мир.

Лукашенко рече дека верува оти операцијата во Украина наскоро ќе заврши.

– Доколку Киев не го потпише договорот со Москва, тогаш ќе мора да го потпишат чинот на предавање – изјави Александар Лукашенко.

Претседателот на Белорусија рече дека ако Украина продолжи да ја провоцира Белорусија, Минск ќе одговори.

Исто така, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Русија нема да загуби во конфликтот со Украина и дека Москва му нуди на Киев апсолутно прифатлива верзија на договорот.

Украинците не ни помислуваат да се предадат

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников преку видео-врска разговараше со членовите на Европскиот парламент кои се во Комитетот за надворешни работи и Поткомитетот за безбедност и одбрана, а беше покренато и прашањето за мировните преговори со Кремљ, пренесува „Гардијан“.

Резников рече дека адвокатите биле вклучени во подготвувањето на заедничките документи, но дека секој напредок ќе зависи од тоа дали Русија ќе се согласи на целосен прекин на огнот.

-Ние, се разбира, пред се во текот на преговорите ќе разговараме за прекин на огнот, хуманитарни коридори, обезбедување на цивилното население со вода, храна, а можеби подоцна ќе потпишеме мировен договор. Но, под условите на украинскиот народ, ние никогаш не би прифатиле никаква капитулација и нашите вооружени сили се подготвени да пружат отпор. Така, денес би можеле да кажеме дека преговорите се горе-долу на техничко ниво. И секако дека се вклучени адвокати, вклучени се политичари и нема да навлегувам во детали за преговорите – рече Резников.

Тој додаде дека се надева „дека многу брзо ќе ја завршиме оваа војна и, се разбира, ќе го победиме Кремљ“.