Ученичка (14 години) ненадејно починала на скалите во ОУ „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во Звездара, Белград.

Како што дознаваат српските медиуми, девојката се враќала дома кога наеднаш и се слошило, а потоа паднала. Според неофицијални информации, таа им се пожалила на другарите дека ја боли главата.

Брзата помош набрзо дошла, ја реанимирале еден час, но, за жал, не можела да се спаси. Наскоро во училиштето дојдоа и нејзините родители.

Децата се собираат околу училиштето во мачна тишина. Група ученици рекле дека не знаат што се случило со девојчето, таа само седела потпрена на оградата и паднала.

Трагедијата се случила нешто пред 15.00 часот, а како што дознаaт медиумите, девојчето наводно немало никакви здравствени проблеми.

На безбедносните камери се гледа дека таа со два- тројца другари се упатува кон училишната зграда, наеднаш се тетерави неколку секунди и паѓа.

📸

📸

📸

📸

📸

📸