Секое утро после будењето и во секоја ситуација кога ќе се посомневате во своите способности повторете ја во себе оваа магична реченица: ГО МОЖЕШ ТИ ТОА!.

Човекот не ретко се наоѓа во ситуација кога не знае како понатаму и не е сигурен дали е на вистинскиот пат, ниту пак дали има доволно сила да го исполни до крај она што го замислил. Во овие случаеви, „мантрите“ се од голема помош, заклучиле научниците.

Позитивните реченици делуваат на нашата психа и анвистина можат да ни помогнат да ги поминеме тешките моменти. ВО истото истражување е утврдено дека е многу подобра опција да се храбриме себеси.

ГО МОЖЕШ ТИ ТОА! Науката тврди дека доколку ова си го кажеме во второ лице е многу подобар начин да си помогнеме себеси, наместо ако го кажеме во прво лице ГО МОЖАМ ЈАС ТОА.

Како ова точно ќе делува на вас?

Самоохрабрувањето во второ лице еднина ни овозможува да добиеме широка перспектива бидејќи на тој начин ја репродуцираме онаа врста на охрабрување која ја добиваме од другите.

Студијата е објавена на 23-ти јуни 2014-та година во магазинот European Journal of Social Psychology и истата покажува дека најдобрите резултати се добиваат ако советите упатени кон самиот себе ги напишете на лист хартија.

Пишувањето како начин на разговор со себе оддамна се користи во терапевтскиот пристап, а во ситуации кога е потребна голема самоконтрола ова е исклучително делотворна метода.