Мајката на четири деца, Емили Вондрачек откри дека две години го славела роденденот на своето дете на погрешен датум. Грешката ја открила кога матичниот лекар и рекол дека здравственото осигурување има погрешен датум на раѓање.
„Според мене, мојот син е роден на 26- ти. Јас сум му мајка, знам кога се роди. Сепак, пред да се јавам во осигурителната компанија, решив да ја проверам објавата на Фејсбук од пред неколку години, во која сум го објавила раѓањето на детето. Неговиот роденден е всушност на 25-ти, додаде таа.
Емили е во неверување поради сопствената грешка поради која нејзиното дете две години го слави роденденот на погрешен датум.