Една белграѓанка решила да го израдува своето девојче и да ѝ купи нова облека. Кога влегла во еден познат бутик за детска облека, наишла на маица која е совршена за нејзината ќерка, а уште повеќе се израдувала кога видела дека е со снижена цена, но не ни сонувала дека ќе ја измамат.
По купувањето, мајката веднаш отишла дома да ја испере маицата што побрзо и да му овозможи на девојчето да ја облече што е можно поскоро, почнала да ја вади етикетата и забележала дека намалената цена е залепена неколку пати.
„Како нешто да ме натера да почнам да ги лупам слоевите на тие цени, никогаш досега не сум го правела тоа“, ја започнала својата приказна оваа мајка за Телеграф.
Непријатното изненадување дошло кога под намалената цена нашла уште пониска и видела дека цената никогаш не била 1.700 динари (900 денари) како што пишувало на првата етикета.
„Бев во шок, ја купив маицата за 1.200 динари (630 денари) намалена од 1.700 (900 денари), а на една од етикетите подолу пишуваше дека првичната цена е 1.500 динари (780 денари), излегува дека никогаш не чинела ни 1.700, објасни таа.
Она што најмногу ја „изнервирало“ нашата соговорничка е тоа што маицата на тој претходен попуст чинела само 900 динари (470 денари), па се запрашала каков попуст воопшто добила.