Обвинение за убиство од небрежност е поднесено против 37-годишен сопственик на три кучиња кои денеска околу пладне во Неохоруда, Солун усмртија 50 годишна жена. Мажот кој беше уапсен набрзо откако кучињата ја нападнаа несреќната жена, се очекува во понеделник наутро да биде изведен во обвинителството и му е изречена и пропишаната административна казна. Покрај тоа, се очекува и вештачење на телото на 50-годишната жена, мајка на две момчиња на возраст од 15 и 17 години.
Во меѓувреме светлото на денот го добиваат и сликите од местото на трагедијата, од куќата во која 50-годишната ги поминала последните моменти од својот живот. Шокантниот инцидент се случил напладне во неделата, околу 14 часот и 30 минути, во областа Неохоруда. Трите кучиња, за кои се вели дека се питбули, побегнале од надзорот на нивниот сопственик, се приближиле до дворот на вилата и ја нападнале несреќната жена, при што од каснувањата била смртно повредена.
На местото на настанот била повикана Брза помош на ЕКАВ каде спасувачите констатирале смрт, додека по инцидентот полицијата го привела сопственикот на кучињата и започнала истрага за настанот. Целата област е шокирана од трагичниот инцидент, додека несреќната жена била мајка на две деца и многу активна личност која им била позната на повеќето на жителите. Впрочем, таа на последните избори беше кандидат за општински советник.
Говорејќи за трагичниот инцидент, претседателот на заедницата нагласи дека несреќната жена „денес вршела работа во својот двор, косела трева и ги сечела дрвјата со тим од работници. Дознавме дека во одреден момент излегла да фрла гранки и била нападната од кучињата од соседната куќа. Не знаеме дали ги прескокнале решетките или нашле отворена врата. Тие беа опасни кучиња и се плашеше од нив. Работниците можеби носеле тампони за бучавата и не го слушнале нејзиниот плач“.
– Денеска (10.12.2023 година) во пладневните часови во месноста Неохоруда, три големи кучиња, сопственост на 37-годишен државјанин, влегле во дворот на куќа на 50-годишна граѓанка и ја нападнале при што ѝ нанеле фатални повреди. Против сопственикот на кучињата е поднесена пријава за убиство од небрежност, во комбинација со прекршување на законската регулатива за животните, ќе биде изведен пред надлежниот обвинител, додека му се изречени пропишаните управни казни, објавија грчките власти.