38-годишната Вера од Катерини, која во саботата попладне изгорела во својот автомобил по пожар предизвикан во возилото, починала на ужасен начин, покажуваат резултатите од вештачењето извршено врз нејзиното тело.

Според информациите на грчките медиуми, причината за смртта на несреќната жена, која била мајка на три деца, е евидентирана како „целосно горење“ поради пожарот предизвикан во автомобилот што го управувала.

Од обдукцијата спроведена од страна на лекарот во Судската служба во Солун, произлегува дека 38-годишната жена најпрво вдишила чад, изгубила свест и веднаш потоа автомобилот „пламнал“ поради што таа била целосно јагленисана и доживеала ужасна смрт.

Се потсетува дека трагичниот настан се случил во саботата, нешто по 19 часот и 38-годишната мајка на три деца со својот автомобил се движела на улицата Фармаки во правец кон болницата Катеринис. Според информациите, во одреден момент настанало палење во моторот на автомобилот, кој почнал да испушта чад додека бил во движење и за неколку секунди бил зафатен од пламен.

Несреќната жена не успеала да излезе од запаленото возило, поради што жива изгорела додека некои минувачи се обидувале да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати. По кратко време на местото на настанот пристигнало возило на противпожарната служба со тројца пожарникари кои го изгаснале пожарот но за несреќната жена веќе било доцна.

„Моето дете веќе го нема“, рекол таткото на 38-годишната Вера кога дознал што се случил. Тој изјавил дека автомобилот немал никаков дефект и никој не може да разбере дека Вера жива изгорела за неколку минути.

„Пожарникарите се таму и го проверуваат. Тие не знаат што се случило. Не знаев дека колата има некаков дефект. Никој не знае што се случило. Само Бог и таа знаат што се случило. Замина на работа и се случи ова. Отидов таму да погледнам и ја видов изгорена во автомобилот. „Моето дете го нема“, вели таткото, кој нетрпеливо ги чека наодите на Истражниот оддел на противпожарната служба за да открие како се запалил автомобилот и зошто неговата ќерка била заробена додека го дишела последниот здив.