„Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено“, вели Благица Благица Зикова од Штип е жената која пред неполна недела на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

Таа со сопругот Александар во ноември ќе прослават пет години брак и се пресреќни што конечно станаа родители. Мајката открива дека посакувале две дечиња, но дека двете оплодени јајце клетки кои биле пренесени во матката се разделиле на четири ембриони.

-Четири години се боревме со неплодност. Првото инвитро ни беше неуспешно и по две години пак се одлучивме да пробаме. Се решивме да одиме да пробаме надвор од државата. Ја избравме Турција како најдобра држава кога е во прашање здравството. Посакувавме две дечиња близначиња и затоа ни вратија две оплодени јајце клетки, но мајка природа, Господова желба ни подари уште две мали сонциња. Понекогаш потајно си размислував дека можат да се разделат на повеќе ембриончиња, но не бев ни свесна дека ова чудо ќе се случи нас. Како што велат постарите: „Ако желбата ти е голема, Господ ти подарува“-раскажува Благица за порталот Femina.mk

Нејзината здравствена состојба е добра, но за бебињата кои се родени во 31-та недела не сака да дава информации.