Жители на Подгорица за српски Курир тврдат дека А.Ѓ. (36) од Подгорица, кој во петокот со „голф 4“ во кој бил со неговиот син (6), намерно слетал во реката Морача откако дознал дека бил тешко болен.
Да потсетиме, несреќата се случила во петокот околу 13 часот и 20 минути кога автомобилот управуван од А.Ѓ. а во кој бил неговиот шестгодишен син слетал во надојдената река Морача. Според официјалните лица, тоа не е случајно и не станува збор за несреќа.
– А. Ѓ. со семејството живеел во населбата Коник во Подгорица, а момчето им било единствено дете. За жал, како што се вели, со денови не се чувствувал добро откако му била дијагностицирана неизлечива болест – вели соговорникот на Курир и додава:
– Кога му беше дијагностицирана болеста, тој беше целосно изгубен, го видовме како шета сам по улица, толку изгубен. Тоа многу го потресе и веројатно во тоа „лудило“ додека возел со синот единец се решил на овој чекор. Како што продолжуваат да ни раскажуваат жителите на главниот град на Црна Гора, тој решил да се самоубие.
– Очигледно во тој момент ја избирал позицијата од која ќе слета во Морача. Имено, А.Ѓ. возел полека по автопатот еден километар, а кога видел простор каде нема заштитна ограда, полека се качил на тротоарот и слетал во бездната на надојдената река Морача – вели нашиот извор и додава:
– Немаше спас за нив! Некои луѓе видоа како го направил тоа намерно, не било случајно. Веднаш повикале полиција и брза помош, но немало начин да ги спасат.
Истрагата е во тек и ќе ги утврдува сите детали за оваа несреќа, а досегашната истрага укажува дека несреќата е предизвикана намерно.
– Семејството слушнало што се случило, а сопругата на А.Ѓ., мајката на момчето не може ниту да застане на нозе поради трагедијата што ја снајде, велат соговорниците.