Веста дека двегодишната Данка Илиќ по која се трагаше 10 дена е пронајдена мртва го потресе целиот регион.

Ретроспективата на монструозното злосторство ја презентираше министерот за полиција Братислав Гашиќ.

-Околу 13 часот и 50 минути мајката видела бел автомобил „фиат панда“ покрај кој стоело едно лице. Во него биле осомничените. Рекоа дека биле на работна задача во Бањско поле, да проверат шахта. Нивните движења биле снимени на камера. Подоцна било забележано дека возилото застанало на капијата околу 13 часот и 50 минути.Возилото во кое биле С.Ј и Д.Д., било пред капијата околу 2 и пол минути, застанале затоа што им требал тоалетот – изјави Гашиќ и потоа продолжи:

Потоа тргнале, и го удриле девојчери на 30-40 метри од местото за застанување. Автомобилот го управувал Д.Д., а телото на девојчето С.Ј го ставил на задното седиште над алатот. Тие се договориле да го фрлат телото на девојчето. Во 13 часот и 57 минути ги запрел таткото на девојчето и прашал дали го виделе девојчето, на што тие одговориле негативно – рече министерката.

Потоа со автомобил се упатиле кон депонијата и телото на девојчето го фрлиле.