Целиот регион, вклучително и Интерпол, се вклучи во потрагата по 14-годишната Вања Горчевска од Скопје, која исчезна на 27 ноември на пат кон училиште.

Јавноста во Македонија е загрижена за нејзиното исчезнување, имајќи предвид дека Вања исчезна во еден од најфрекфентните делови на градот, Дебар маало. Вања е исчезната веќе петти ден, а веста за нејзиното исчезнување се споделува во медиумите и на социјалните мрежи низ целиот регион, вклучително и Србија и Грција.

Мајката Зорица за српски „Телеграф“ вели дека Вања не пријавила никакво злоставување, дека семејните односи не се нарушени и дека немаат непријатели.

– Мислам дека е киднапирана. Вања излезе од дома насмеана, ѝ дадов пари за појадок и таа отиде на училиште. Наставничката ме извести дека не дошла на час, ние сме во постојана комуникација, ѝ кажав дека Вања не е болна, раскажува таа.

– Зорица вели дека Вања не излегувала многу, има неколку другарки и најчесто е дома.

– Ги проверивме сите нејзини профили на социјалните мрежи, ги имам сите нејзини лозинки, не забележавме ништо чудно. Вања не е таква девојка. Се сомневам дека е киднапирана, Господ да ми прости ако грешам. Да знаев дека побегнала од дома и да имав проблеми со неа, сигурно немаше толку да паничам, додава таа.